Музика и танц - категорија

обоа повеќе

мн. обои
Вид збор: Именка, женски род
Вид дрвен дувачки инструмент.
Англиски: oboe

обоист повеќе

мн. обоисти
Вид збор: Именка, машки род
Свирач на обоа.
Англиски: oboist

окарина повеќе

мн. окарини
Вид збор: Именка, женски род
Дувачки инструмент во вид на птичја глава.
Англиски: ocarina

октава повеќе

мн. октави
Вид збор: Именка, женски род
Осмиот тон на дијатонската скала; интервал помеѓу првиот и осмиот тон.
Англиски: octave Албански: oktavë

октет повеќе

мн. октети
Вид збор: Именка, машки род
Композиција за осум солистички инструменти или гласови.
Англиски: octet Албански: oktet
Група од осум пејачи или свирачи.
Англиски: octet Албански: oktet

опа-иха повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
македонски народен танц

опера повеќе

мн. опери
Вид збор: Именка, женски род
Музичко-сценско дело, што се изведува од пејачи и оркестар.
Англиски: opera Албански: operë
Примери:
Овој месец на сцената се изведува операта на Верди.

оперетен повеќе

оперетниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на оперета.
Примери:
оперетска музика, оперетска претстава

ораториум повеќе

мн. ораториуми
Вид збор: Именка, машки род
Голема музичка творба за хор, оркестар и солисти со драмскоепски карактер.
Англиски: oratorio

орган повеќе

мн. органи
Вид збор: Именка, машки род
оргула
Англиски: organ Албански: organ

органист повеќе

мн. органисти
Вид збор: Именка, машки род
Човек што свири на орган (оргула).
Англиски: organist

оргула повеќе

мн. оргули
Вид збор: Именка, женски род
(обично мн.) Голем музички инструмент во кој звукот се произведува со струење на воздух низ долги цевки.
Англиски: organ
Примери:
Концерт за оргули.

оргулар повеќе

мн. оргулари
Вид збор: Именка, машки род
Човек што изработува, прави оргули.
Албански: organist
Човек што свири на оргули.
Англиски: organist Албански: organist

оркестар повеќе

мн. оркестри
Вид збор: Именка, машки род
Група музичари што заедно исполнуваат музички дела.
Англиски: orchestra

оркестрален повеќе

Види и: оркестар (м.)
оркестрални
Вид збор: Придавка
Што е во врска со оркестар или што звучи како оркестрар.
Англиски: orchestral
Примери:
оркестрална изведба

оркестрација повеќе

мн. оркестрации
Вид збор: Именка, женски род
Преработка или приспособување на музичко дело за оркестарска изведба.
Англиски: orchestration

оркестрира повеќе

оркестрираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Подготви, подготвува музичко дело за инструментална, оркестарска изведба.
Англиски: orchestrate
Примери:
Ми стана јасно дека запишаниот текст е само партитура што допрва треба да се оркестрира во мојата свест.

орнамент повеќе

мн. орнаменти
Вид збор: Именка, машки род
Украсни тонови на мелодијата.
Англиски: ornament Албански: ornament

оро повеќе

мн. ора
Вид збор: Именка, среден род
Народен танц во кој играчите најчесто фатени за раце се движат во круг.
Англиски: dance Албански: valle
Примери:
Свадбарско оро
Музика за народен танц.
Англиски: dance music Албански: muzikë për vallëzim
Примери:
Го засвиреа пајдушкото оро.
Луѓето што играат фатени за рака, за рамо и сл.
Албански: valle
Примери:
Сите се фатија на орото што го водеше невестата.

ороводач повеќе

Види и: ороводец (м.)
мн. ороводачи
Вид збор: Именка, машки род
ороводец

ороводец повеќе

мн. ороводци
Вид збор: Именка, машки род
Лице што го води орото, што игра најнапред.
Англиски: leading man Албански: vallehekës

осмина повеќе

мн. осмини
Вид збор: Именка, женски род
Нота и нотен знак за таа должина.
Албански: oktavë

отпева повеќе

отпеваат
Вид збор: Глагол, несвршен
отпее
Англиски: sing Албански: këndon
Примери:
Тој отпева одвреме навреме по некоја песна.
Одвраќа со песна.
Англиски: echo Албански: përkrah me këndim
Примери:
Попот пее, црковниот хор му отпева.

отпее повеќе

Види и: пее (несв.)
отпеат
Вид збор: Глагол, свршен
Испее песна или дел од поголемо музичко дело.
Англиски: sing Албански: këndoj
Примери:
Тој отпеа многу убаво.

отсвири повеќе

отсвират
Вид збор: Глагол, свршен
Заврши свирење исполни мелодија на музички инструмент.
Англиски: play
Примери:
Го замолив да ми отсвири некоја мелодија.
а - б - в - г - д - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - ќ - у - ф - х - ц - ч - џ - ш